Дома Фудбал Лига на шампиони Дибала, Нејмар и Џеко запишаа хет-трик, но ниту еден од нив не е играч на колото

Дибала, Нејмар и Џеко запишаа хет-трик, но ниту еден од нив не е играч на колото

Тројца играчи постигнаа хет-трик ова кола во Лигата на шампионите, но ниту еден од нив не ја доби наградата за играч на колото во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Паоло Дибала, Един Џеко и Нејмар постигнаа по три погодоци во натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите и многумина претпоставуваа дека некој од нив тројца ќе ја добие наградата за најдобар во второто коло од Лигата на шампионите.

Но од УЕФА не мислеа така и веројатно во предвид земаа што Јувентус, Рома и ПСЖ играа со послаби ривали, па играч на колото беше – Лионел Меси!

Аргентинецот постигна два погодоци во победата на Барселона над Тотенхем од 2:4 и нема сомневање дека УЕФА одлучувала по тежината на натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=kTMGpP0tw8w

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи го донесе Морган Роџерс за 137 милиони евра

Челзи го комплетираше еден од најголемите трансфери за време на летниот преоден рок. Морга…