Дома Фудбал Италија Дибала: Договорот со Јувентус го потпишав на плажа!

Дибала: Договорот со Јувентус го потпишав на плажа!

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала даде интересно интервју во кое откри како го потпишал договорот со италијанскиот шампион.

Аргентинецот откри дека договорот за неговиот трансфер од Палермо во Јувентус го потпишал додека бил на плажа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Денот кога потпишав договор со Јувентус беше специјален. Бев на одмор со мојот брат и пријателите. Договорот пристигна во мојата хотелска соба додека бев на плажа. Дојдов во хотелот, го потпишав договорот и се вратив на плажа да се сончам“, открива Дибала.

„Од мал гледам и играм фудбал. Со моите пријатели сакавме да бидеме новите Роналдињо и Роналдо. Бев пресреќен кога дебитирав со сениорски тим на 17 години. Јас секогаш го давам најдоброто од себе на теренот и сакам да ги направам среќни фановите“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот ден по елиминацијата од Лигата на шампионите реши да „отстрани“ четири големи ѕвезди!

Вкупниот пораз на Ливерпул во четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите беше 4:0 од П…