Агентот на Дибала пред еден месец допатува од Аргентина за да преговара со директорот на Јувентус, но се вратил во татковината без постигнат договор.
Дибала има договор со Јувентус до 2022 година и Јувентус од поодамна започна преговори за продолжување на соработката, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дибала моментално заработува 7,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор бара значително зголемување, односно 15 милиони евра по сезона.
„Старата дама“ смета дека таа сума е превисока и му нуди Аргентинецот 10 милиони евра годишно, па двете страни се далеку од договор.
Доколку Дибала не го продолжи договорот до крајот на сезоната на лето сигурно ќе биде продаден бидејќи ќе влезе во последната година од договорот.