Дома Фудбал Де Јонг лут на новинарите: Лажни се сториите за мојата плата

Де Јонг лут на новинарите: Лажни се сториите за мојата плата

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг е лут на новинарите поради последните шпекулации за неговата заработка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесоа дека Де Јонг на лето сигурно ќе ја напушти Барселона, а причина за тоа се многу високите примања.

„Има многу лажни стории во медиумите. Некои од вас треба да се засрамат, ова треба да прекине. Луѓето измислија бројки за мојата плата. Информациите за плата од 40 милиони евра е многу далеку од тоа што реално го заработувам“.

„Зборувате за мојот договор, мојата ситуација во тимот и мојата плата. Многу чад, многу лаги. Многу сум среќен во Барса и се надевам дека ќе останам тука уште многу години“, истакна Де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваков Роналдо може да биде проблем за Португалија: Погледнете како играше против Нигерија (Видео)

Португалија вчера ја совлада Нигерија со резултат од 2:1 во пријателски натпревар. Зошто п…