Легендата на италијанскиот фудбал Даниеле Де Роси во последното лето после 18 години ја напушти Рома и потпиша со аргентинскиот прволигаш Бока Јуниорс.
Меѓутоа кратко траеше авантурата на Де Роси во Бока, италијанскиот ветеран си заминува после само шест месеци и ќе стави крај на кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не станува збор за повреда. Сакам да бидам повеќе со своето семејство, ми недостасуваат. Голем дел од пријателите се обидуваа да ме спречат, но јас одлучив да го направам тоа. Тука бев кратко, но Буенос Аирес останува во моето срце, ова беше уникатно задоволство“, изјави 36 годишниот Де Роси.
Де Роси претходно најави дека ќе остане во фудбалот и ќе биде тренер на јуниорскиот тим на Рома.