Дома Фудбал Останато Де Роси првата титула во национален шампионат ја освои во пензија

Де Роси првата титула во национален шампионат ја освои во пензија

Чудни се патиштата кои ги креира фудбалот, па така легендата на Рома Даниеле Де Роси дочека првата титула во едно првенство да ја освои дури кога отиде во пензија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Не е шега, Де Роси неодамна се пензионираше поради проблемите со повредите, но сепак ќе добие медал за шампион на Аргентина. Бока до титулата стигна со минималната победа во последното коло со голот на Карлос Тевез. Титулата Бока ја освои ноќта помеѓу саботата и понеделеникот, Де Роси пак официјално се пензионираше уште на 6. Јануари, меѓутоа сепак одигра доволно минути за да добие пенал.

Конкретно Де Роси одигра пет натпревари – точно 345 минути, а тоа беше минимумот кои го бараат правилата.

И затоа после два пехари во Купот на Италија, еден во Суперкупот, Мундијалот со Италија во 2006 година Де Роси стигна до неговата прва титула во еден национален шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал испрати понуда од 100 милиони евра за 26-годишниот „борец“

Арсенал направи понуда од над 100 милиони евра за да започне преговори за напаѓачот на Атл…