Дома Фудбал Останато Де Роси погоди на дебито, но Бока беше шокирана на „Бобоњера“ (ВИДЕО)

Де Роси погоди на дебито, но Бока беше шокирана на „Бобоњера“ (ВИДЕО)

Легендарниот италијански фудбалер Даниеле Де Роси постигна гол на дебито за Бока Јуниорс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во натпреварот од аргентинскиот куп Бока на изненадување на сите беше поразена од второлигашот Алмагро (1:1) 1:3, а но овој меч ќе остане запаметен по голот на Де Роси.

Бока поведе во 28-та минута. После корнерот во казнетиот простор најдобро се снајде Де Роси кој погодува за 1:0.

После многу промашени шанси во 81-та минута стигна казната. Гостите преку Мартинез дојдоа до изедначување на 1:1 што беше конечен резултат после 90 минути игра.

Катастрофално играчите на Бока ги шутираа пеналите. Само првиот го погоди Тевез, гостите погодија од сите три боди, а за тимот од Буенос Аирес промашуваа Мек Алистер, Хуртадо, и Салвио.

Тоа значеше елиминација на Бока од купот и голем шок на „Бонбоњера“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал испрати понуда од 100 милиони евра за 26-годишниот „борец“

Арсенал направи понуда од над 100 милиони евра за да започне преговори за напаѓачот на Атл…