Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси истакна дека не ја гледа Аталанта како виновна што неговиот тим следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.
Тимот од Бергамо и новиот победник во Лигата Европа „мораше“ да освои максимални два бода на натпреварите со Торино пред три дена и против Фиорентина на 2 јуни, за да остане на петтото место и така Серија А да добие и шести учесник во најелитното европско натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, тоа не се случи, Аталанта го совлада Торино со 3:0 и на крајот ќе биде трета или четврта, па Рома од есен повторно ќе игра во Лигата на Европа.
„Не е виновна Аталанта што не се пласиравме во Лигата на шампионите, вината е наша.“, изјави Де Роси.
Тој верува дека од следната сезона неговиот тим ќе биде подготвен да се бори за титули.
„Како фудбалер постигнав многу успеси со Рома, а сега сакам да го правам истото и како тренер. Знам дека нема да биде лесно, но пресреќен сум што имам можност да го работам тоа што го сакам во клубот што и ќе дадам се од себе за да го реализираме. Треба само да ја направиме вистинската стратегија и сигурен сум дека ќе освоиме трофеи“, уверен е Де Роси.