Дома Фудбал Де Роси започнува самостојна тренерска кариера во Серија Б

Де Роси започнува самостојна тренерска кариера во Серија Б

Легендата на Рома Даниеле Де Роси ќе започне тренерска кариера и ќе го води тимот на СПАЛ кој се натпреварува во Серија Б.

Ова е уште еден светски шампион со Италија од 2006 година кој презема тим од Серија Б. Таму веќе се Фабио Канаваро, Филипо Инзаги, Фабио Гросо…

Според „Скај Италија“ Де Роси и СПАЛ се договориле и во текот на денешниот ден се очекува и официјализација.

Де Роси покрај Рома краток период играше и во Бока Јуниорс каде што се пензионираше. За Италија запипа 117 настапи. Досега тој беше дел од репрезентацијата на Италија како асистент на Роберто Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пио погодува на секои 88 минути, Италија повторно ја буди надежта

Ефикасноста на Еспозито и репрезентацијата на Манчини се во фокусот на италијанскиот печат…