Дома Фудбал Италија Де Роси ги отвори картите: Спалети направи ХАОС во Рома и сите страдавме

Де Роси ги отвори картите: Спалети направи ХАОС во Рома и сите страдавме

Капитенот на Рома, Даниел Де Роси призна дека на крајот на изминатата сезона очекувал Спалети да замине од клубот поради сите случувања во финишот на сезоната.

На крајот на изминатата сезона од активното играње фудбал се прости легендарниот Франческо Тоти, кој целата своја кариера ја мина во Рома. Меѓутоа, она што го боли секој навивач на овој клуб е фактот што Тоти не се наигра изминатата сезона под раководство на Лучиано Спалети.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На релација Спалети – Тоти имаше и неколку судири, но на крајот се заврши се со пријателски поздрав. Сепак, Де Роси призна дека Спалети направил хаод во екипата во однос на Тоти, и едноставно тоа им пречело и на останатите играчи на Рома.

„Секој има право да каже дека заминувањето на Спалети беше тешка работа. Сепак, никогаш не реков дека тоа е невозможно. Резултатите со Ди Франческо говорат дека тоа не беше лош потег. Спалети направи неред изминатата сезона. Сите знаеме каков однос имаше со Тоти и сите играчи на некој начин патеа поради тоа“, истакна Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…