Дома Фудбал Лига на шампиони Де Лихт: Ова не е нормално, не бев роден кога Ајакс последен пат играше полуфинале

Де Лихт: Ова не е нормално, не бев роден кога Ајакс последен пат играше полуфинале

Ајакс на задоволство на поголемиот дел неутрални навивачи се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Освен тоа, фудбалерите и спортските работицници, новинарите од Холандија ја слават големата победа на Ајакс во Торино и изненадувачкиот пласман помеѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Матијас Де Лихт е еден од најталентираните играчи во светот и тој е херојот на Ајакс со голот кој го постигна за водство од 2:1. Неговата изјава после натпреварот беше прилично интересна.

„Знаеме што можеме и знаеме за што овој тим е способен. Ова што го правиме не е нормално, ова е бизарно. Не бев роден кога Ајакс последен пат играше полуфинале одиме. Одиме понатаму!“, изјави Де Лихт.

Неговиот соиграч кој го обезбеди трансферот во Барселона каде што ќе се пресели на лето додаде:

„Во првото полувреме тие беа подобри и заслужено имаа предност. Меѓутоа, ние после пет минути во вториот дел започнавме да доминираме и на крај ја заслуживме победата. Требаше да победиме и поубедливо. На 11 кај нив настана паника бидејќи знаеа дека ќе им биде многу тешко ако дадеме уште еден гол. Го почуствуваме тоа и го искористивме“, порача Де Јонг.

Ајакс за пласман во финалето ќе игра против подобриот од вечерашниот реванш помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем. Првиот натпревар заврши со победа на „петлите“ од 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Левандовски е јасен: Си кажал што сака за да потпише за Јувентус или Милан!

Италијанските медиуми објавија дека полскиот напаѓач и играч на Барселона Роберт Левандовс…