Веќе долго време трае сагата околу младиот стопер на Ајакс, Матијас Де Лихт и неговиот избор на клуб.
Во текот на вчерашниот ден тренерот на Ајакс излезе со изјава дека Де Лихт сигурно ќе го напушти клубот и дека ќе заврши во Барселона и Баерн Минхен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Премногу клубови се интересираат за него и нема шанси да остане во Ајакс. Заминува на лето, не знам само дали ќе премине во Баерн Минхен или Барселона“, гласеше изјавата која во текот на денот ја даде тренерот на Ајакс.
Меѓутоа вчера вечерта се појави информација дека Де Лихт донел одлука!
Судејќи според се Де Лихт ќе тргне по стапките на неговиот соиграч од Ајакс, Френки Де Јонг и ќе се пресели во редовите на Барселона.
Тој наводно веќе се договорил со Барселона за договор до 2024 година и управата на Барселона сакаат што побрзо да го завршат овој трансфер со цел да се избегне конкуренцијата од другите клубови кои сакаат да го видат Де Лихт во своите редови.
Il #Barcellona accelera per Matthijs #deLigt, forte difensore e capitano dell'Ajax, classe 1999. Si cerca l'intesa col giocatore, pronto un contratto fino al 2024. Il Barca vuole chiudere in tempi brevi per evitare rialzi da parte di altri club (Juve, Bayern, City, United, PSG). pic.twitter.com/1yf5HO5yOT
— Matteo Pedrosi (@MatteoPedrosi) April 12, 2019
Де Лихт веќе подолго време е на радарот на гиганти како ПСЖ, Јувентус, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед…Овој талентиран фудбалер кариерата ја започна во младинскиот тим на Ајакс, а дел од првиот тим стана во 2016 година.