Дома Фудбал Де Лихт: Во Јувентус дојдов за да играме напаѓачки фудбал како во Ајакс

Де Лихт: Во Јувентус дојдов за да играме напаѓачки фудбал како во Ајакс

После три сезони поминати во Јувентус, Матијас Де Лихт го напушти Торино и се пресели во редовите на Баерн Минхен.

Холандскиот дефанзивец играше одлично во Ајакс и во Јувентус пристигна како големо засилување, иако не разочара сепак не ги исполни очекувањата во целост. Од Де Лихт се очекуваше да биде еден од лидерите на „новиот Јувентус“, но тоа не се случи.

Во интервју за „ЕСПН“ Де Лихт откри дека Маурицио Сари бил тренерот поради кој пристигнал во Јувентус и се било поразлично кога тој си заминал.

„Дојдов во Јувентус со идеја дека ќе играме напаѓачки фудбал, Сари беше тренер и играше неверојатен фудбал во Наполи и Челзи. Очекував тимот да игра како Ајакс, сепак тој си замина по една година, со Алегри беше поинаку“, изјави Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скопје 2014 со пресврт во дербито, Саса броеше до 12 против Речица

Скопје 2014 ја совлада Тиверија Брера со 3:2, а Каменица Саса го забележа најубедливиот тр…