Дома Фудбал Де Лаурентис ја соопшти цената на Кулибали и Риуз и ги шокира сите

Де Лаурентис ја соопшти цената на Кулибали и Риуз и ги шокира сите

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис зборуваше за плановите на клубот на трансфер пазарот.

Голем број европски гиганти се заинтересирани за ѕвездите на Наполи, Калиду Кулибали и Фабиан Руиз.

Двајцата имаат долги договори со Наполи, па јасно е дека клубот нема лесно да се откаже од нив.

Де Лаурентис денес ги шокира заинтересираните клубови и ја соопшти цената на двајцата фудбалери.

„Фабијан има договор и во наредните три сезони, а Кулибали во наредните две. Знаеме дека многу клубови се заинтересирани за нив. Двајцата вредат по 100 милиони евра. На ниту еден клуб нема да му правиме проблем доколку ја плати сумата. Им порачувам на сите оние кои нудат по 60-70 милиони евра дека нивните понуди воопшто нема да ги разгледуваме“, изјави Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…