Дома Фудбал Италија Де Лаурентис се налутил на Спалети: Добро се сеќавам на неговите зборови

Де Лаурентис се налутил на Спалети: Добро се сеќавам на неговите зборови

Лучијано Спалети зад себе имаше незаборавна сезона како тренер на Наполи и го одведе клубот до првата титула во Серија А по 33 години. Изненадувачки, искусниот стратег по освојувањето на Скудетото си замина.

Де Лаурентис не му правеше проблем и му дозволи да замине, но исто така договорот за раскин беше додадена клазула дека клубот ќе добие оштета од три милиони евра ако потпише со друг клуб за помалку од една година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спалети неодамна беше промовиран за селектор на Италија и сега Фудбалската федерација на Италија треба да му исплати на Наполи три милиони евра. Де Лаурентис очекува адвокатите да си ја завршат работата.

„Адвокатите работат на решавање на проблемот и не се мешам во таа работа. Можам да зборувам само за човечките односи, не за правната страна, тоа не е тема на која премногу се разбирам.

„Добро се сеќавам на зборовите на Спалети кога си замина. Ми кажа дека е изморен и дека потребен му е одмор да се рефрешира, токму затоа му дозволив да си оди, но само тој знае што размислувал“, изјави Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Генијално додавањена Крос,Реал води во Минхен🎥

Реал Мадрид прв доаѓа во водство во полуфиналниот дуел со  Баерн Минхен по дваесетинаминут…