Дома Топ вести Де Лаурентис потврди: Познато кога Елмас потпишува за Наполи!

Де Лаурентис потврди: Познато кога Елмас потпишува за Наполи!

Се појасно станува дека трансферот на Елиф Елмас во Наполи е само прашање на време.

Елмас веќе подолго време се поврзува со калчолигашот и очекувањата се за 18 милиони евра да се пресели во Неапол. Таа сума ќе го направи Елмас најскап македонски фудбалер, а воедно и тоа ќе биде и рекордна продажба на Фенербахче.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дека трансферот е завршена работа за наполитанското радио потврди првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

„Да, точно е. Елмас до крајот на оваа недела доаѓа во Наполи“, гласел одговорот на Де Лаурентис за трансферот на Елмас.

Според досегашните информации кои ги пласираа во јавноста италијанските медиуми за трансферот на Елмас да биде официјално потврден се чека само Марко Рог да го комплетира трансферот во Ајнтрахт Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…