Дома Фудбал Италија Де Лаурентис на навивачите: Ако сакате титули, навивајте за Јувентус

Де Лаурентис на навивачите: Ако сакате титули, навивајте за Јувентус

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис повторно е хит на Апенините со најновата контроверзна изјава.

Италијанските медиуми во последно време објавуваа дека Де Лаурентис се подготвува да го продаде клубот, но тој категорично негира.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Во животот соништата значат да не живеете, туку само да сонувате. И кога ќе се разбудите, што потоа? Сонувате ли секојпат исто? Противниците сакаат да го продадам клубот, ама јас додека сум жив Наполи ќе биде само мој. Минатата сезона покажавме дека сме тука, но со нас има уште 19 клуба“, изјави Де Лаурентис.

Потоа на навивачите кои од него бараат титули им порача:

„Кој сака веднаш титула, нека оди да навива за Јувентус. Тука не трошиме пари така лесно како некои други, но затоа создаваме традиција“, заклучи претседателот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…