Наполи по вторпат се обидел да го убеди Антонио Конте, но изгледа и овојпат Де Лаурентис немал успех.
Де Лаурентис и Конте воделе преговори два дена (неделата и понеделеникот), а на крајот не се договориле. Локалните медиуми пренесуваат дека Наполи ја зголемил понудата на осум милиони евра годишно за договор на три ипол сезони до летото 2027 година, меѓутоа Конте ја одбил понудата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова не е првпат Конте да го одбие Де Лаурентис затоа што преговараа и кога клубот одлучи да го отпушти Руди Гарсија, Италијанецот и тогаш одби да го преземе Наполи.
Одбивањето на Конте значи дека Валтер Мацари уште некое време ќе биде тренер на Наполи. Наполи со Мацари на клупата запиша дури шест порази во 10 натпревари и на последните четири натпревари не постигна гол. Поради тоа и не е изненадување што Де Лаурентис му бара замена.
Ќе потсетиме, Наполи исто така и понатаму е во Лигата на шампионите каде што во осминафиналето ќе се сретне со Барселона. Останува да се види дали Мацари и во тој натпревар ќе го води Наполи.