Дома Трансфер зона Де Геа се сели кај Џерард?

Де Геа се сели кај Џерард?

Шпанскиот голман Давид Де Геа би можел кариерата да ја продолжи во Ал Етифак од Саудиска Арабија, пренесува британски „Сан“.

Де Геа во овој момент е без ангажман откако на крајот од сезоната му истече договоротр со Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ не сакаа да му ја продолжат соработката, а Шпанецот се уште не пронајде нов клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Ал Етифак од клупата е предводен од поранешниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард. Британските медиуми пренесуваат дека во тек се преговорите помеѓу двете страни.

Де Геа ја одби понудата од Ал Наср кој на шпанскиот голман му нудеше плата од два милиони евра. Британските медиуми потсетуваат дека Де Геа покрај клубовите од Садусика Арабија има понуди и од Атлетико Мадрид, Валенсија, Бетис и неколку тимови од МЛС лигата.

Дресот на репрезентацијата на Шпанија го носеше на 45 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…