Дома Фудбал Англија Де Геа нема намера да го напушти Манчестер Јунајтед

Де Геа нема намера да го напушти Манчестер Јунајтед

Шпанскиот голман Давид де Геа откри дека нема намера да си замине од Манчестер Јунајтед и сака уште долги години да игра на „Олд Трафорд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Де Геа пристигна во Јунајтед во 2011 година од Атлетико, се стекна со легендарен статус во клубот, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

„Црвените ѓаволи“ имаат опција еднострано да го продолжат договорот на уште една година, но се уште не се започнати преговори за продолжување на соработката.

Поради тоа се појавија шпекулации дека Де Геа може да си замине на крајот на сезоната и дека Јунајтед веќе бара замена.

„Се разбира дека сакам да останам во Манчестер Јунајтед уште долги години. Да видиме што ќе се случи во иднина, но јас сум среќен во клубот“, изјави Де Геа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…