Дома Трансфер зона Де Геа, „голманскиот Меси“ или „старата желба“ – кого ќе гледаме на „кралскиот“ гол следната сезона?

Де Геа, „голманскиот Меси“ или „старата желба“ – кого ќе гледаме на „кралскиот“ гол следната сезона?

Иако Кејлор Навас брани сосема одлично, Реал Мадрид сака голман светска класа во своите редови.

Давид Де Геа би можел да заврши во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, посебно поради елиминацијата на „ѓаволите“ од Лигата на шампионите. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сепак, неверојатниот шпански голман не единствен на листата желби на Флорентино Перез. Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија Реал Мадрид покажал интерес за голманот на Рома, Алисон кој во медиумите неодамна го доби прекарот „голманскиот Меси“.

Исто, така тука е и старата желба Тибо Куртоа, но тој во овој момент е далеку и е трета опција.

Алисон би бил далеку поефтина опција од Куртоа и Де Геа, сепак прашање е колку Рома ќе биде расположена да преговара за продажба на еден од своите најдобри поединци оваа сезона.

Но, тука е и желбата на фудбалерот кој се уште не се изјаснил, сепак никако не може да ви биде сеедно кога на вратата ќе ви тропне големиот Реал Мадрид.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ испрати понуда од 100 милиони за наследникот на Мбапе

ПСЖ ја започна потрагата по наследник на Килијан Мбапе, а прва желба е ѕвездата на Наполи,…