Дома Фудбал Англија Де Бур е минато – Кој ќе биде втората „ЖРТВА“ во Премиер лигата?

Де Бур е минато – Кој ќе биде втората „ЖРТВА“ во Премиер лигата?

Трката е отворена, кандидати има…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Славен Билиќ и понатаму е број еден да ја напушти клупата на Вест Хем иако неговиот тим во вчерашниот натпревар запиша победа на новајлијата Хадерсфилд со 2:0.

Хрватот после четири кола има три порази и една победа, токму поради тоа на големо се пишува за негово заминување.

Иако Њукасл запиша два победи во низа, следен на листата е Рафаел Бенитез, кој веќе некое време не е во добри односи со управата на англискиот клуб, па веројатно се чекаат кикс или два, за разделбата и да се случи.

Понатаму, тука е „вечниот“ кандидат за заминување, Арсен Венгер, познато е дека Венгер скоро во секоја сезона во последните неколку години се поврзува со заминување од Арсенал, па не е исклучок ниту оваа.

Веднаш зад Французинот место на оваа листа добија Крег Шекспир од Лестер, Еди Хау од Бурнемоут, Маурисио Пелегрино од Саутемптон и Пол Клемент од Свонси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан испратил понуда за ѕвездата на ПСЖ

Милан испрати конкретна понуда до Пари Сен Жермен за Гонсало Рамош, објави Фабрицио Романо…