Дома Фудбал Репрезентации Де Брујн ќе го пропушти првиот натпревар на Европското првенство

Де Брујн ќе го пропушти првиот натпревар на Европското првенство

На прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Грција Роберто Мартинез соопшти дека Кевин Де Брујн нема да игра во првиот натпревар на Европското првенство.

Фудбалерот на Манчестер Сити заработи повреда после судирот со Антонио Рудигер во финалето од Лигата на шампионите, па беше приморан да ја напушти играта. Поради тоа во таборот на репрезентацијата на Белгија се стравуваше дека Де Брујн може да го пропушти континенталниот собир кој следи.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роберто Мартинез денес најави дека Де Брујн веројатно ќе го пропушти само првиот натпревар на турнирот.

„Му даваме време на Кевин да се опорави. Секојдневно сум во контакт со него и му ја следиме ситуацијата од ден во ден. Скоро сигурно нема да игра во првиот натпревар, но ќе биде достапен за Европ. Тоа немаше да биде случај ако мораше да оди на операција. За неговата повреда ќе знаеме повеќе во наредните недели“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…