Мохамед Салах ја освои наградата за најдобар играч во Премиер лигата и тоа сосема заслужено.
Кога потврдата ќе стигне и од првиот ривал тогаш јасно е дека Салах оваа сезона едноставно нема конкуренција во Премиер лигата.
На Египќанецот во трката најголем конкурент му беше Кевин Де Брујн од Манчестер Сити кој со својот клуб стигна до трофејот во најсилната англиска конкуренција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега во медиумите, Де Брујн призна дека Салах е подобар фудбалер во овој момент и дека гласал за него.
„Гласав за Салах. Заслужи. Салах едноставно беше најдобар оваа сезона. Не знам како би можел да изберам некој друг освен него“, изјави Де Брујн за англиските медиуми.