Дома Фудбал Англија Де Брујне: Халанд е опседнат со голови, може да постигнe 800 гола

Де Брујне: Халанд е опседнат со голови, може да постигнe 800 гола

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне даде интересно предвидување за својот соиграч Ерлинг Холанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во досегашниот дел од сезоната Халанд постигна 24 гола на 19 натпревари, а веднаш после мундијалската пауза постигна гол против Ливерпул.

„Ерлинг е опседнат со голови. Тој веќе има околу 200, па верувам дека може да достигне 600, 700 или дури 800 ако остане здрав и ги прави вистинските работи. Тој е напаѓач од врвна класа. Кога зборуваме за професионални фудбалери, или воопшто за спортисти, секој има нешто посебно“.

„Мислам дека не можеш да бидеш професионалец ако ја немаш таа посебна дарба, што те прави способен да станеш најдобрата верзија од себе. Се уште е млад, ужива во животот, но фудбалот го сфаќа сериозно. Тој сака да постигнува голови и тоа е нешто што го издвојува“, изјави Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона ќе го доведе Кансело за неколку дена

Португалскиот десен бек Жоао Кансело е сè поблиску до комплетирање на преминувањето во Бар…