Германскиот тренер Јирген Клоп (56) на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул, клубот со кој од 2015 година освои осум трофеи.
Еден од најдобрите тренери во историјата на англискиот гигант ја објасни својата одлука со недостаток на енергија, а клупата ќе ја напушти една година пред истекот на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Агентот на Клоп, Марк Косицке, на крајот на февруари изјави за германски Скај Спорт дека Клоп не планира следната сезона да оди во Баерн или во германската репрезентација, кои наводно го сакаат за тренер. „Планот е тој да не биде тренер на ниту една репрезентација или клуб најмалку една година. Тоа останува непроменето“, изјави Косицке.
Клоп планира да земе една година одмор пред да започне нова работа. Дејли Мејл пишува дека британските телевизиски станици Би-Би-Си и ИТВ се обиделе да ја искористат паузата на Клоп и да го доведат како стручен коментатор за Европското првенство кое во јуни и јули ќе се одржи во Германија.
Сепак, истиот извор наведува дека Клоп ќе ги одбие бидејќи планира да оди на ЕП исклучиво како навивач на германската репрезентација. Исто така, Дејли Мејл тврди дека веќе има билети за три натпревари за Германија, која во групата А ќе игра со Шкотска, Унгарија и Швајцарија.