Дома Фудбал Дејан Илиев потпиша за ФК Сараево

Дејан Илиев потпиша за ФК Сараево

По разделбата со финскиот фудбалски клуб ХЈК, македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев одлучи својата кариера да ја продолжи во Босна и Херцеговина.

Официјално, Илиев е нов голман на фудбалскиот клуб Сараево чии бои ќе ги брани до крајот на тековната сезона, со можност договорот да биде продолжен на уште две години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Кошево е мој нов дом. Голема чест и одговорност е да се биде дел бордо семејството. Сараево, нема да те изневерам и ќе го оставам срцето на теренот – објави Илиев на социјалните мрежи.

Од 2012 до 2022 година беше дел од англискиот гигант Арсенал, но не запиша ниту еден официјален настап за првиот тим, па играше на позајмица во Серед, Јагелонија, Шрусбери и Серед, а по разделбата со лондонскиот клуб се пресели во Тренчин.

Нашиот 28-годишен чувар на мрежата минатата сезона со ХЈК ја освои титулата шампион на Финска.

Моментно по 17 одиграни кола во босанскиот шампионат Сараево е на третото место со 33 бодови, девет помалку од водечкиот Борац, а второпласиран е Зрињски (35).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите го провоцираа Роналдо со Меси: Погледнете како реагираше (Видео)

Кристијано Роналдо вчера повторно беше во центарот на вниманието. Неговиот Ал Наср убедлив…