Селекцијата на Франција вчера беше елиминирана од Европското првенство во дуелот против Швајцарија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французите многумина ги гледаа како прв фаворит за трофејот, но Швајцарците го приредија досега најголемото изненандување на турнирот и ги елиминираа.
„Оваа елиминација навистина боли. Дадовме се што можеме за натпреварот поинаку да заврши. За жал го завршивме турнирот на ваков начин“.
Мбапе беше трагичарот во пенал серијата.
„Килијан е многу погоден, но никој не може да му се лути. Кога ја преземаш одговорност знаеш дека можат да се случат и вакви работи“, изјави Дешам.
Многумина сметаат дека со овој пораз ќе дојде и до промена на селекторската позиција во Франција, како фаворит се споменува Зидан.