Дома Фудбал Репрезентации Дешам го објави списокот – Повик доби ѕвездата на Јунајтед!

Дешам го објави списокот – Повик доби ѕвездата на Јунајтед!

france

После неколку изоставувања селекторот на француската репрезентација овој пат ја повика ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

„Галските“ петли во ноевмри ќе ги одмерат силите со репрезентациите на Велс и Германија, а Дидие Дешам кој неодамна го продолжи договорот со ФС Фрацнија во репрезентацијата го повика и Ентони Марсијал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бензема повторно го нема во репрезентација, додека прв пат повик добија Стивен Нзози и Бенжаман Павар од Штудгарт.

Повик доби триото на Арсенал, Кошчелни, Лаказет  и Жиру, како и Муса Сисоко од Тотенхем кој се повеќе игра кај Маурисио Покетино. Го нема и Хуго Лорис кој ќе ги пропушти овие натпревари поради повреда.

Голмани: Ареола, Костил, Манданда 

Одбрана: Диње, Жале, Кошчелни, Кимбапме, Курозава, Павар, Умтити, Варан.

Среден ред: Матуиди, Нзози, Рабио, Сисоко, Толисо

Напад: Коман, Фекир, Жиру, Гризман, Лаказет, Марсијал, Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…