Дома Фудбал Репрезентации Дешам: Бензема во репрезентацијата? Сите знаат што мислам за него!

Дешам: Бензема во репрезентацијата? Сите знаат што мислам за него!

Селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидиеа Дешам зборуваше за одлуката да не го повика Карим Бензема во националниот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако напаѓачот на Реал изјави дека верува дека ќе се најде во тимот на Мундијалот следното лето бидејќи според него игра на високо ниво во редовите на шампионот на Европа, Дидие Дешам не го дели истото мислење со неговиот сонародник.

„Не сум ги прочитал изјавите на Бензема бидејќи ретко купувам весници. Секој играч може да зборува што сака, многумина сакаат да бидат во репрезентацијата на Франција. Сепак сите знаат какво мислење имам за Бензема и нема да го променам. Тоа не е мој проблем, туку одлука за доброто на тимот“, изјави Дешам.

Бензема не настапува за репрезентацијата на Франција после скандалот со Матија Валбуена кого го уценуваше со секс снимка.

Го пропушти Европското првенство во 2016 година на кое Французите беа домаќини, а бидејќи Дешам го продолжи договорот со „галските петли“ до 2020 година многу веројатно дека искусниот напаѓач повеќе нема да го гледаме во репрезентативниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Француска легенда со шокантно тврдење за Португалија: Соиграчите го бојкотираа Роналдо, воопшто не му додаваа!

Јури Џоркаеф(58), легендарниот француски фудбалер, во интервју за РМЦ изнесе ставови за Кр…