Францускиот селектор Дидиер Дешамп денес го објави списокот на фудбалери за натпреварите од Лигата на Нации против Шведска и Хрватска.
Очекувано, како и во годините претходно на списокот не се најде Карим Бензема. Напаѓачот на Реал Мадрид беше исфрлен од репрезентацијата после скандалот со поранешен соиграч од репрезентацијата Матија Валбуена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Француските медиуми се убедени дека неговите неговите фудбалски квалитети вредат многу повеќе и констатно Дешамп го „боцкаат“ со прашња за Бензема.
Така беше и денес, а на прашањето за Бензема Дешамп жестоко реагираше со иронична насмевка.
„Ова е добро смислено. Има ли некои други прашања за денес“, запраша Дешамп.
Бензема репрезентативец на Франција беше до 2015 година и до тогаш постигна 27 голови на 81 настап.
Didier Deschamps sur un éventuel retour de Karim Benzema en équipe de France : « Elle est bien amenée celle-là » #lequipeFOOT pic.twitter.com/9krKMTBE7J
— L'ÉQUIPE (@lequipe) August 27, 2020