Вчерашното дерби помеѓу Евертон и Ливерпул не донесе премногу возбудвања на теренот и заврши без победник и тоа со најнепопуларниот резултат (0:0).
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После натпреварот на „Гудисон Парк“ забележана беше една интересна ситуација помеѓу Јирген Клоп и едно од момчињата кое собираше топки. Едно од децата кои собираа топки иронично му аплаудираше на Клоп кој успеа да го забележа.
Откако Германецот ја забележа провокацијата од момчето дојде до него си разменија неколку зборови, а кога Клоп си заминуваше момчето го поздрави со „лајк“.