Навивачите тајно се надеваа дека овој млад крилен навивач би можел конечно да добие шанса во првиот тим, но кога во нападот ги имате Салах, Фирмино и Мане, јасно е дека не би имало место за младиот Оџо и дека подобро е да оди уште на една позајмица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оџо потпиша нов договор со англискиот клуб, но оваа сезона ќе ја помине на позајмица во францускиот Рем.
21-годишниот крилен напаѓач беше на позајица во Виган, Вулверхемптон и минатата сезона во Фулам. Играше одлично во овие клубви, но едноставно тоа не беше доволно да има некоја минутажа во Ливерпул, за кого одигра вкупно 13 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.
Рем ја започна сезоната со две победи во првите три натпревари, а дефинитивно дека овој играч ќе им донесе дополнителен квалитет во тимот.