Фудбалерите на Лацио изминатиот викенд во Серија А ремизираа против Јувентус (1:1) во дербито од седмото коло во Серија А.
Јувентус поведе веќе во 15. минута кога Кристиано Роналдо постигна гол и изгледаше дека „старата дама“ со три бода ќе го напушти „Олимпико“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, во последните секунди Лацио дојде до бод, а херој беше Каиседо. Сепак, големи заслуги за овој гол покрај Кореа кој асистираше има и тренерот Симоне Инзаги.
Имено, при аутот кој го изведуваше Марушиќ Изнаги реагираше кога виде дека неговиот фудбалер сака да ја врати топката назад. Тој го турна напред и му покажа топката да ја фрли кон Кореа кој одлично се снајде и го пронајде Каиседо.
? Mister. Leader. Tifoso.#CMonEagles ? pic.twitter.com/ePAnp3UC2O
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) November 10, 2020