Дома Топ вести Детали од трансферот на Обамејанг: Габонецот прифатил големо намалување на платата

Детали од трансферот на Обамејанг: Габонецот прифатил големо намалување на платата

До крајот на денот се очекува Обамејанг да го комплетира трансферот во Барселона, Габонецот од утрово е во Каталонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку дена се појавија информации дека Барселона сака да го доведе Обамејанг на позајмица до крајот на сезоната од Арсенал. Арсенал го суспендираше Обамејанг пред скоро два месеци и од тогаш стана јасно дека може да си бара нов клуб.

„Мундо Депортиво“ објави и детали од позајмицата на Обамејанг во Барселона. Според информациите на медиумот кој важи за добро упатен со случувањата во Барселона. Обамејанг се согласил на големо намалување на платата за да пристигне во Барселона.

Во Барселона Обамејанг според најавите ќе заработува 100.000 евра неделно, додека во Арсенал имаше плата од 350.000 евра неделно. Ќе потсетиме, пред неколку дена Барселона го доведе и Адама Траоре од Вулверхемптон исто така на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…