Дома Фудбал Останато Детали за нападот врз Отаменди: Крадците си заминале со вредност од 300.000 евра

Детали за нападот врз Отаменди: Крадците си заминале со вредност од 300.000 евра

Медиумите во Португалија објавија нови детали за нападот врз Николас Отаменди. Дефанзивецот на Бенфика беше мета на добро организирана група крадци која од неговиот дом си заминала со вредност од 300.000 евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вчера беше објавено за нападот врз Отаменди (тука). Напаѓачите му ставиле лисици на рацете и го врзале околу вратот за потоа да го натараат да влезе во домот каде што биле неговата сопруга и семејството.

Првите информации се дека крадците си заминале со вредност од 300.000 евра (накит, часовници и пари). Бенфика го потврди немилиот настан.

„Фудбалерот и неговото семејство се добро и покрај големата непријатност. Бенфика сака да повика на почитување на приватноста на играчот и неговото семејство од страна на медиумите додека трае истрагата“, стои во соопштението од португалскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Прва мета за средниот ред на Интер е дете на Ливерпул

Интер сака да го засили средниот ред, и неколку играчи се во игра. Сепак, еден се издвојув…