Дома Фудбал Германија „Дер Класикер“ полно со возбудувања: Два гола на Ројс, два и на Левандовски – одлучи Алкасер! (ВИДЕО)

„Дер Класикер“ полно со возбудувања: Два гола на Ројс, два и на Левандовски – одлучи Алкасер! (ВИДЕО)

Денес во Бундес лигата се одигра големото дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен кое на крајот и тоа како ги оправда очекувањата.

Борусија пред натпреварот беше благ фаворит поради формата на Баерн и славеше со резултат 3:2.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот за Баерн започна добро тие беа први кои стигнаа до предност и тоа преку Роберт Левандовски кој погоди после нафрлувањето од Гнабри.

Тој гол беше и единствениот во првото полувреме, а во второто не чекаа многу повеќе возбудувања.

После само четири минути игра во вториот дел Марко Ројс реализира најстрога казна и го изедначува резултатот. Баерн повторно преку Левандовски го врати водство во 53-тата минута.

За нов гол чекавме до 67-та минута кога Ројс со својот втор гол повторно го изедначи резултатот, а за важни три бода и голема победа над лутиот ривал погоди Пако Алкасер на петнаесетина минути пред крајот.

После оваа победа „милионерите“ имаат дури седум бодови предност во однос на Баерн кој сега е на третата позиција со 20 освоени бодови, пред нив е и Борусија Менхенгладбах. Треба да се истакне дека Борусија Дортмунд се уште е без пораз.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…