Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Дерби со медитерански шмек, место во осминафинале има само за еден

Дерби со медитерански шмек, место во осминафинале има само за еден

Последно трето коло на Европското првенство, а денес на програмата е дербито помеѓу Хрватска и Италија.

Хрватска не личи на себе

Хрватската репрезентација буквално не личи на себе и слободно може да се каже дека очекувањата беа многу поголеми. Од репрезентација која на последните два Мундијали освои медал се очекуваше многу повеќе. Меѓутоа, Брозовиќ е на екскурзија во Саудиска Арабија, Ковачиќ има мала минутажа во Сити, а Модриќ не е Хиландер, а тие требаше да бидат носители на играта. После високиот пораз од Шпанија разочараа против Албанија, но се уште имаат шанси и потребно им е победа против Италија. Меѓутоа, „коцкестите“ ќе мора многу да се поправат доколку сакаат да победат на овој натпревар и да го продолжат натпреваерувањето.

Италија разочара против Шпанија


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Италија иако победи во првиот меч против Албанија покажа многу слабости во играта, кои јасно се видоа во дербито со Шпанија. Загубија со автоголот на Калафиори, но не беа воопшто опасни по противничкиот гол. Сега ќе играат во директен дуел со Хрватска,но овој меч слободно може да се нарече „дуел нa лошиот и полошиот) На Италија ќе и биде доволно и реми, а тие се експерти да одиграат на резултат кога е најпотребно. Поради тоа имаат големи шанси да ја минат групата, а потоа со Италија се е можно.

Веројатни состави:

Хрватска: Ливаковиќ, Станишиќ, Шутало, Понгранчиќ, Гвардиол, Модриќ, Ковачиќ, Пашалиќ, Сучиќ, Крамариќ, Петковиќ.

Италија: Домарума, Бастони, Калафиори, Дармијан, Жоржињо, Камбијасо, Кристанте, Барела, Киеза, Ретеги

Очекување

Очекуваме неизвесен дуел кој ќе го одлучуваат мали детали, па поради тоа очекуваме натпревар со малку голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …