Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дерби на денот: Србија и Швајцарија се борат за еден билет во осминафинале

Дерби на денот: Србија и Швајцарија се борат за еден билет во осминафинале

Денес завршува групната фаза од Мундијалот во Катар со последните четири меча, а најголемо внимание секако привлекува дуелот помеѓу Србија и Швајцарија.

Ова е директен дуел за пласман во осминафиналето. Бразил веќе обезбеди пласман, а Швајцарија е во подобра ситуација бидејќи им е потребно и реми за пласман во нокаут фазата.

Србија има нерасчистени сметки со Швајцарија


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Српската репрезентација има одлична генерација и со големи очекувања пристигна во Катар. Особено после добрите квалификации каде заврши пред Португалија во групата. Меѓутоа, четата на Пикси не се покажа во најдобро светло во првите два меча. Иако во првото коло беше очекуван поразот од фаворитот Бразил, сепак во дуелот со Камерун нашите соседи ги покажаа сите свои лимити. Имаа предност од два гола и дозволија да примат два лесни гола, па останаа само со еде бод. Поради тоа сега се во ситуација да мораат да победат против Швајцарија за да се пласираат во осминафиналето. Србите имаат стар долг против Швајцарците од минатиот Мундијал, каде ситуацијата беше идентична па Гранит Џака и дружината ги испратија „орлите“ дома. Селекторот Пикси од самиот старт се жали дека клучните играчи не се доволно опоравени од повредените, пред се Костиќ и Влаховиќ, а најлоша вест е што на минатиот меч се повреди и стоперот Павловиќ. Минатите денови многу се зборуваше за нарушена атмосфера во соблекувалната, но српските фудбалери го негираа тоа. Последните информации се дека Павловиќ е спремен и ќе биде во стартниот тим, а Пикси на располагање ќе ги има сите фудбалери.

На Швајцарија и е доволен бод

Швајцарија уште еднаш покажа дека е репрезентација која може да игра турнирски, а особено игра најдобро кога е најпотребно. Така беше и во квалификациите кога во клучните натпревари против Италија одигра добро и ги остави „аѕурите“ без директен пласман. Минатото коло Швајцарија се држеше добро против Бразил, но јасно е дека нема квалитет да им се спротистави на „кариоките“. Ова за нив е клучен натпревар на Мундијалот, а добрата вест е што им е доволно реми за пласман во следната фаза. И пред Мундијалот покажаа дека се во добра форма кога запишаа три победи во Лигата на нации и тоа против силни селекции како Португалија, Шпанија и Чешка. Добрата вест е што оваа репрезентација знае да игра на резултат и има одлична одбрана, а е опасна преку контранапади. Што се однесува до тимот, сигурно е дека мечот ќе го пропушти Окафор кој е повреден, а останатите фудбалери му се на располагање на селекторот.

Очекување

Очекуваме тврд натпревар со малку голови кој ќе го одлучуваат детали. Србија сигурно нема да тргне безглаво иако и е неопходна победа, додека Швајцарија знае да игра на резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…