Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Порто и Интер се борат за место каде не биле одамна

Дерби на денот: Порто и Интер се борат за место каде не биле одамна

Денес на програмата се реванш осминафиналните натпревари во Лигата на шампиони каде ќе бидат познати уште два четвртфиналисти, а во фокусот ќе биде дуелот помеѓу Порто и Интер.

Двата тима во овој меч влегуваат после неубедливи партии во првенството, но влогот е голем и ќе направат се за да се пласираат во четвртфинале. Интер има предност од еден гол од првиот меч и тоа може да се покаже како голема предност.

Може ли Порто да го елиминира Интер?


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Порто минатата сезона без поголеми проблеми стигна до титулата во португалското првенство, а истата цел ја имаа и оваа сезона. Меѓутоа, Порто оваа сезона не игра според очекувањата и моментално заостанува цели осум бода зад лидерот Бенфика. Впечатокот е дека оваа сезона Порто игра многу полошо и тешко доаѓа до победи, како минатото коло кога победи со 3:2 во завршницата на мечот. Најголем проблем е одбраната која прима многу голови, па тренерот Консисао има причина за загриженост пред овој меч. Меѓутоа, Порто во Лигата на шампиони секогаш игра одлично, а тоа го покажа и во првиот меч кога беше рамноправен противник. Порто создаде многу шанси во Милано, а попушти во завршницата кога остана со играч помалку. Меѓутоа, ова ќе биде многу поразличен меч бидеќи Порто ќе брка негатива и мора да победи со два гола разлика, или во најмала рака победа која ќе го одведе мечот во продолжение. За овој меч тренерот нема да може да смета на Еванилсон и Марсело, додека Жоао Марио е под знак прашалник.

Натпревар на сезоната за Интер

Во Интер признаа дека ова за нив е натпревар на сезоната и дека глава цел е пласман во четвртфиналето после многу години. Во Серија А работите не одат според очекувањата оваа сезона и „нероаѕурите“ брзо отпаднаа од трката за титулата, а ги чека голема борба за пласман во Топ 4. Минатото коло Интер доживеа непријатен пораз од Специја, па атмосферата во тимот сигурно не е добра, а најголем проблем оваа сезона за Инзаги се гостинските натпревари, каде Интер игра многу лошо. Меѓутоа, во Лигата на шампиони овој тим се претстави одлично оваа сезона, беше во многу тешка група и успеа да се пласира пред Барселона. Во првиот меч победи со 1:0 што може да се покаже како голема предност пред реваншот. Интер сигурно нема да ја брани предноста и ќе се обиде да постигне гол. Меѓутоа, стилот на Инзаги е да чека грешка на противникот и да се заканува од полуконтри, па предноста од пвиот меч му го дозволува тоа. Што се однесува до тимот Инзаги за овој меч нема да може да смета само на Госенс, кој се повреди на последниот меч.

Очекување

Дуел на два рамноправни противници, па тешко е да се предвиди крајниот исход со оглед на фактот дека двата тима ќе калкулираат и продолженија или пенали само да ја остварат целта и да се пласираат во четвртфинале. Меѓутоа, ова е дуел на два одлични напади, па веруваме дека ќе има голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…