Дома Фудбал Останато Дерби на денот: Марсеј без право на кикс, но против сериозен противник!

Дерби на денот: Марсеј без право на кикс, но против сериозен противник!

дерби на денот

Четвртокот после ЛШ е секогаш резервиран за натпреварите од Лига Европа, а како најатрактивен меч го издвоивме дуелот помеѓу Марсеј и Лацио.

Марсеј: Овие момци мора да играат многу подобро!

Фудбалерите на Марсеј играат променливо оваа сезона. Што се однесува до францускиот шампионат, оваа екипа моментално е на четвртото место кое наредната сезона води во Лига Европа, но сите добро знаеме дека главните амбиции им се за враќање во Лигата на шампиони. Општиот впечаток е дека до крајот има многу, а треба да се додаде дека има исти број на бодови со Монпеље кој ја држи третата позиција. Во минатото коло, четата на Руди Гарсија со минимален резултат го совлада тимот на Ница и тоа беше втора врзана победа за оваа екипа, па може да се каже дека се во добра форма. Во Лига Европа не им иде баш најдобро, бидејќи после двете кола се наоѓаат на третата позиција.

Лацио: Работите засега одат по планот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога е во прашање римската екипа, може да се каже дека се оди според планот. Што се однесува до италијанското првенство, фудбалерите на Лацио ја држат четвратата позиција. Во минатото коло стигнаа до тешка победа на гостувањето во Парма. На тој начин, но и со победата против Фиорентина, ги смирија навивачите кои беа огорчени од градското дерби во Рим  кое заврши со резултат 3:1. Треба да се додаде дека Интер и Наполи не му бегаат многу на Лацио, па треба да се очекува за оваа екипа позиција која води во Лигата на шампиони. Во Лига Европа имаат 50% учинок, односно беа подобри од Аполон, а доживеаа пораз од Франкфурт. Можеби во тој меќ се најдоа сите слабости од оваа екипа, но она што е најважно е тоа дека ја надминаа таа ситуација.

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ САЈТ ЗА КЛАДЕЊЕ – КЛАДЕЊЕ.МК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…