Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Дербито за „Аѕурите“: Фантастичната Италија е во полуфиналето! 🎥

Дербито за „Аѕурите“: Фантастичната Италија е во полуфиналето! 🎥

Вечерва се одигра големото дерби во четвртфиналето на Европското првенство помеѓу Белгија и Италија.

Од самиот старт на натпреварот Италијанците започнаа да го наметнуваа својот стил на игра и беа подобар противник. Таквата игра резултираше веќе во 13. минута кога Леонардо Бонучи ја погоди мрежата, меѓутоа неговиот гол беше поништен поради недозволена позиција. Тој поништен гол не ги разочара Италијанците, напротив продолжија со истата игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После половина час игра Италија стигна до водство. Николо Барела одлично се снајде пред голот на Белгијците и ја смести топката во мрежата.

На најголемите возбудувања се чекаше до последните моменти од првото полувреме. Прво Лоренцо Инсиње со еден мајсторски гол зголеми на 2:0, а само три минути подоцна Лукаку од пенал намали на 2:1.

Вториот дел донесе слична игра, но како што одминуваше времето Италија се повлекуваше и ја препушташе иницијативата на Белгија. Најголемата прилика за Белгија ја имаше Ромелу Лукаку кога од неколку метри го погоди Спинацола кој интервенираше на гол-линијата. Спинацола денес беше можеби најдобриот италијански поединец, беше одличен и во дефанзивните и во офанзивните задачи.

Токму, Спинацола, херојот на Италијанците на десетина минути пред крајот заработи една тешка повреда. Спинацола сам се повреди, беше изнесен на носилки, а по солзите на неговото лице се стравува дека станува збор за потешка повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…