Мемфис Депај на лето готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а неколку европски гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Тотенхем и Милан се силно заинтересирани за Холанѓанецот и веќе започнале преговори со неговиот агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот.
Меѓутоа, каталонскиот клуб има големи финансиски проблеми и не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот, особено поради фактот што го донесе без обештетување.
Чави не е симпатизер на неговата игра, ги доведе Торес и Обамејанг, па минутажата на Холанѓанецот сигурно ќе биде значително намалена.
Наводно Барселона за неговата слобида бара 25 милиони евра, а Тотенхем и Милан се спремни да ја платат таа сума. Во моментов англискиот клуб е во пол-позиција за неговиот потпис.
🚨🗞️ Secondo @mundodeportivo, il #Tottenham è in vantaggio per #Depay in estate.
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) March 27, 2022
📌 Anche il #Milan 🔴⚫ su di lui: molto dipenderà dalla volontà del giocatore. 🐓⚽ #Calciomercato #Transfers #THFC pic.twitter.com/I4X1SnvM0S