Лион е свесен дека ќе остане без Мемфис Депај, па во овој преоден рок сака да го продаде за да заработи од неговиот трансфер.
Препородениот Холанѓанец е една од првите желби на новиот тренер на Барселона Роналд Куман и изгледа офанзивецот е блиску до трансфер на „Ноу Камп“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека Депај после разговорите кои започнале пред неколку дена постигнал договор со Барселона за неговите лични услови.
Сепак, работата не е завршена затоа што се Барселона и Лион се уште преговараат.
Претходно се пишуваше дека Лион за Депај бара цена од 30 милиони, додека Барселона нуди 20-25 милиони. Разликата не е голема па се очекува набрзо и клубовите да се договорат.