Јувентус е клубот кој покажува најсилен интерес за Мемфид Депај, а Барселона нема да прави проблеми доколку Холанѓанецот најде нова средина.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Проблем беше што Јувентус го сака Холанѓанецот само на позајмица, додека Барселона сака да го продаде и да заработи на неговото заминување.




Со оглед на фактот дека Депај има само уште една година договор, сепак Барселона се согласи да го раскине договорот и да го пушти без обештетување.




Јувентус веќе има договор со неговиот агент и се очекува да го комплетира трансферот во наредните денови.




Депај минатата сезона постигна 12 гола во Примера, но повеќе не влегува во плановите на Чави, особено после доаѓањето на Левандовски.