Дома Фудбал Лига на шампиони Денот кога Барселона почнаа да ја нарекуваат „уефалона“….(ВИДЕО)

Денот кога Барселона почнаа да ја нарекуваат „уефалона“….(ВИДЕО)

На 6-ти мај Челзи играше реванш против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите и беше во финалето од 9-тата минута кога во водство ги доведе Есиен со волеј за паметење се до 93-тата минута кога Иниеста постигна гол за изедначување.

Сепак, тој натпревар денес сите го паметат по норвешкиот судија Том Хенингс Овербо, кој не досуди неколку пенали за лондонскиот тим. Тогаш во фудбалскиот свет се зборуваше и дека четири пенали ќе видел и слеп човек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борбен, одлучен и многу добар Челзи од првата минута тргна кон голот на гостите. Веќе во деветата минута, Микел Есиен погоди за 1:0. Набрзо Тери пропушти одлична шанса, па Валдес одбрани слободен удар на Дрогба, а потоа на сцена стапи норвешкиот судија. Прво во 23 минута, прекршокот на Дани Алвес над Малуда во казнетиот простор го претвори во слободен удар.

Три минути подоцна, Абидал го повлече за дрес Дрогба, Норвежанецот одмавна со раката. Во продолжение Јаја Туре со две нозе стартуваше над Дрогба, па нешто подоцна го сруши и Анелка, а на девет минути пред крајот Пике очигледно играше со рака во шеснаесетникот. Ништо од тоа не беше доволно за главниот судија да покаже на белата точка, а со тоа и да го одлучи натпреварот. Во 90-тата минута Меси го пронајде Иниеста кој успеа да погоди за 1:1. За Барса тоа беше првиот удар во рамките од голот во текот на целиот натпревар.

Како тоа да не беше доволно, во петата минута од судиското продолжение Балак шутираше кон голот, а Ето бранејќи го лицето со рака ја запре топката.

Подоцна редарите мораа да го спасуваат судијата од бесниот Дрогба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…