Дома Македонски спорт Мак фудбал Денковски: Двата пенали беа интуиција, Дориев е многу непредвидлив!

Денковски: Двата пенали беа интуиција, Дориев е многу непредвидлив!

Eден од најистакнатите во претходното коло во македонското фудбалско првенство беше репрезентативниот голман на Македонија У21, Давид Денковски.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Брегалница беше поразена сепак Денковски се истакна со неколку одбранети зицери, а најмногу со двата одбранети пенали на Егзон Бејтулаи и Љупче Дориев.

„Мило ми е за мојата приказна, но се ќе беше многу послатко ако освоевме бараме бод. Сепак, таков е фудбал, Шкендија беше подобрито тим и честитки до победа, сега се фокусираме на мечот со Силекс во купот“, истакна младиот голман за Спортски

Навистина не е често случај еден голман да одбрани два пенали, па имаше ли посебна подготовка?

„Не, со Дориев заедно трениравме во Академија Пандев и често шутиравме пенали. Тој е непредвидлив и тешко може да се подготвите однапред. Двата пенали беа интуиција, на крајот се испадна добро“, ни изјави Денковски.

Пред Брегалница сега е натпреварот од Купот против екипата на Силекс во среда од 13:00 часот.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…