Дома Фудбал Англија Денешниот датум е еден од најважните во историјата на Манчестер Јунајтед

Денешниот датум е еден од најважните во историјата на Манчестер Јунајтед

Беше 25-ти декемвири 2005 година кога Манчестер Јунајтед ја плати најголемата сума која некој клуб ја платил за еден одбранбен играч од руската Премиер лига во тоа време.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тој 25-ти декември еден од најдобрите стопери во историјата на Јунајтед стави потпис со „црвените ѓаволи“ – Немања Видиќ!

Сер Алекс Фергусон тогаш после лошото издание во Лигата на шампионите (четврто место во групата со Виљареал, Бенфика и Лил) го доведе најплатениот играч во руската Премиер лигата и ја победи Фиорентина која веќе имаше договорено трансфер.

Не остави веднаш Немања свој печат во екипата на Манчестер Јунајтед, му требаше време да се навикне на новата средина. Почетокот на сезоната 2006-2007 значеше почеток на голема соработка, една од најголемата помеѓу стоперите, онаа на Видиќ и Фердинанд.

Веднаш на почетокот на следната сезона (2007-2008) Видиќ потпиша договор на уште пет години.

Во 2009 година беше избран за најдобар играч на Манчестер Јунајтед во изборот на самите играчи, признание кое има огромно значење за еден играч. Таа година Видиќ доби место и во најдобрите 11 во Европа.

Подоцна стана и капитен на Манчестер Јунајтед…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Алекс Фергусон му се слоши на “Олд Трафорд”, го однесоа со брза помош

Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, бил пренесен во болн…