Денес на пладне судот во Осијек се очекува да му ја соопшти пресудата на Здравко Мамиќ.
Мамиќ е обвинет дека при трансферите на Лука Модриќ и Дејан Ловрен успеал да извлече 116 милиони хрватски куни и така ја оштетил државната каса за 12.2 милиони куни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сопственикот на Динамо Загреб не е единствениот обвинет во целиот случај. Обвинети уште се неговиот брат Зоран, директорот на Хрватскиот сојуз и поранешени директор на Динамо, Дамир Врбановиќ и службеникот Милан Пернар.
После судењето започнато на 27 април кога четворицата обвинети се изјаснија дека не се смеаат за виновни обвинителството на последното рочиште на 28 мај предложи сите обвините да се прогласат за вниновни.
Името на Мамиќ се споменува во две дела за кои казната би можеле да изнесува и по 10 години затвор (поединечно), но единствената казна не може да надмине 15 години. Доколку Мамиќ биде прогласен за виновен и осуден на пет или повеќе години затвор, веднаш би требало да биде пренесен во истражниот затвор во Осијек.