Дома Фудбал Останато Денес „паѓа“ одлуката – каде и дали воопшто ќе се игра „Суперкласико“!

Денес „паѓа“ одлуката – каде и дали воопшто ќе се игра „Суперкласико“!

Љубителите на фудбалот ширум светот со нетрпение го исчекуваа реваншот во историското финале во Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока, меѓутоа тој не се одигра.

После првиот натпревар во кој беше 2:2 на „Бонбоњера“, Ривер требаше да ја пречека Бока на „Монументал“ во саботата, повредија неколку фудбалери и натпреварот беше одложен за неделата. Меѓутоа не се одигра ниту тогаш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се уште не е познато каде ќе се игра и дали воопшто ќе има реванш во Копа Либетадорес. Џенова (Италија) се понуди да го организира „Суперкласико“.

Повеќе информации би требало да бидат познат кога дисциплинската комисија на КОНМЕБОЛ ќе донесе одлука дали ќе го дисквалификува Ривер или сепак ќе има втор натпревар.

Значи, постои реална можност победникот на Копа Либертадорес да биде одлучен на „зелена маса“, а доколку се игра КОНМЕБОЛ мора да одлучи дали тоа ќе биде пред празни трибини или можеби на неутрален терен.

Од Бока бараат жестока казна за Ривер и се убедени дека таа мора да биде иста каква што доби овој тим во 2015 година кога беа дисквалификувани во осминафиналето на Копа Либертадорес откако навивачите на Бока ги нападнаа играчите на Ривер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…